Орце Зафировски по хитовите “Бум, бум“ и “Весела свекрва“ подготвува нови за Сузана Гавазова, Марјан Коцев, Блага Петреска, Благица Павловска……….  

17

Кога тој се смее, како целата планета да се смее. Така некако популарната Благица Павловска го опишува карактерот на популарниот македонски текстописец Орце Зафировски. А, тој навистина е популарен бидејќи напиша стихови за еден куп македонски хитови меѓу кои и за:„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“, „Дојди Лено на перниче бело“, „Свени ми свени, невене“, „Моминска клетва“, „Кој нè раздели“, „Во црно вино утеха нема“, „Запри, запри, виолино“, „Опасна за око“, „Весела свекрва“, „Ајде сестро  да запееме“, „Заплачи небо“, „Туѓина пуста далечина“, „Пејте мераклии“, „Кате мори Кате“ и една од наслушаните “Бум, бум“ која ја пее сексапилната Сузана Гавазова.  

 И, навистина Орце е ведар човек, со речиси сите пријател, опуштен и добро расположен. Среќен. Ретко кој знае дека по професија е пред се стоматолог. Пишувањето песни му е вистинско хоби од кое и убаво живее. Две во едно! Тој никогаш не мирува.

Сите оние кои добро ме познаваат знаат дека многу сум таков со позитивен дух. Грижлив сум кон моето семејство, кон моите најблиски, понекогаш и премногу, честопати преминувам во претерување.  Но, јас не сакам да зборувам за себе. Тоа нека го кажат другите. И вие новинарите ме знаете добро, раскажува Орце. Тој за наредниот период подготвува нови текстови за многу наши пејачи, за Марјан Коцев, Блага Петреска, Благоја Грујовски, Мишко Крстевски, Јордан Митев, Сања Цинцева, Стојне Николова….   Д.М.

 

 

ИЗДВОЕНИ