Претседателскиот мандат на Доналд Трамп во САД ќе предизвика нов наплив на десницата во Европа, која ќе го окупира Брисел, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан, долгогодишен поддржувач на Трамп, рече дека предвидува „златна ера“ во односите меѓу Соединетите Држави и Унгарија, членка на Европската унија, и покрај предупредувањето од унгарската централна банка дека предложените нови царини на Трамп за ЕУ исто така ќе и наштетат на економијата на Унгарија, пренесе Ројтерс.
„Само неколку часа, па дури и сонцето ќе свети поинаку во Брисел. Нов претседател во САД, голема патриотска фракција во Брисел, голем ентузијазам“, рече Орбан пред инаугурацијата на Трамп што ќе се одржи подоцна во текот на денот, на којатој нема да присуствува.