Орбан: Унгарија и Словачка ќе продолжат да купуваат руски гас

16
Унгарија и Словачка планираат да продолжат да купуваат руски гас и да побараат продолжување на изземањето од санкциите на ЕУ против испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Словачка во моментов добива руски гас преку Унгарија поради одлуката на Украина да го укине транзитот на руски гас преку својата територија.

„Капацитетот на гасоводот меѓу двете земји претходно беше зголемен за таа цел за 1,5 милијарди метри кубни годишно, а неодамна се согласивме да го зголемиме за уште 900 милијарди метри кубни“, рече Орбан на прес-конференцијата по состанокот со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Унгарскиот премиер додаде дека Будимпешта и Братислава ќе побараат изземање од санкциите во врска со руската нафта.

На крајот на март, Унгарија и Словачка постигнаа целосен полн капацитет на својот гасен интерконектор за испорака на руски гас поради прекинатиот транзит преку Украина.

 

ИЗДВОЕНИ