Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата изјави дека постои врска помеѓу миграцијата и нападите на области како што се божиќните пазари во Германија.
„Поврзаноста меѓу миграцијата и овие терористички напади мора да се препознае. Во минатото такви напади не се случуваа, но сега се случуваат“, рече Орбан на годишната прес-конференција во Будимпешта.
Унгарскиот премиер истакна дека „треба да се почека неколку дена“ за да се дојде до заклучоци и додаде:
„Мора да се каже дека овие напади се случуваат само од миграциската криза.
Во напад со автомобил на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, во петокот вечерта, според последните информации, загинале четири лица, а повеќе од 200 се повредени.
Орбан се осврна и на односот на, како што рече, „либералната елита од Брисел“ кон Унгарија,
„Во Брисел има либерална елита и има опозиција. Унгарија е дел од таа опозиција и затоа ја казнуваат со милион евра дневно, затоа што ја штити Европа од она што се случи на пример во Магдебург“.
Унгарија го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Шпанија во втората половина на 2024 година, а од 1 јануари 2025 година таа улога ќе ја преземе Белгија.