Додека во Брисел подготвуваат начин да му се одмаздат на унгарскиот премиер Виктор Орбан што самоиницијативно започнал мировна мисија, во посета на Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон, Орбан е на одмор.
По напорните патувања и средби на високо ниво со рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со Доналд Трамп и Володимир Зеленски, унгарскиот претседател го поминува својот одмор во Хрватска.
Орбан беше снимен деновиве на островот Вис.
Хрватските медиуми потсетуваат дека унгарскиот премиер лани летувал на јадранскиот брег, поточно во Опатија, во луксузен хотел во сопственост на Ана Унгар.
Овој пат Орбан отишол на јужниот остров, а сопственикот на ресторан дури успеал да се фотографира со Орбан и да ја објави на фејсбук со порака: „Ги чекаме Путин и Трамп. Доцнат!. Подоцна фотографијата беше отстранета од социјалните мрежи.
За тоа време пратениците на Европскиот парламент бараа на Унгарија да и се одземе правто на глас во ЕУ, по посетата на Орбан на Русија и Кина, пишува Политико.