Орбан: Пресудата за Додик е политички лов на вештерки

31

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во средата изјави дека пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик е „политички лов на вештерки“.

Тој во објава на социјалната мрежа Х напиша дека пресудата е „тажен пример за вооружување на правниот систем“.

„Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик е тажен пример за вооружување на правниот систем насочен кон демократски избран лидер. Ако сакаме да ја зачуваме стабилноста на Западен Балкан, ова не е патот напред! напиша Орбан.

Судот на БиХ вчера го прогласи Додик за виновен за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ и го осуди на една година затвор и забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска во период од шест години, од денот на правосилноста на пресудата.

Доколку Додик конечно биде осуден на затворска казна од една година, тој повеќе нема да може да се кандидира за ниту една јавна функција, бидејќи тоа е забрането со изборниот закон на БиХ, кој вели дека „функционер кој конечно е осуден на затворска казна над шест месеци не може да биде кандидат за јавна функција“.

Доколку му биде потврдена казната, Додик ќе може да избегне одење во затвор, бидејќи казната до една година може да се замени со парична казна на барање на осудениот.

ИЗДВОЕНИ