Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, по средбата со словачкиот колега Роберт Фицо, дека влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред, бидејќи, како што истакна, влезот на Киев во Алијансата би значел отворена војна против Русија.
Исто така, Орбан рече дека пристапувањето на Украина во Европската унија би ја уништило унгарската економија.
Како што пренесува словачката веб-страница Ма7, Орбан нагласил дека нема одговор дека Украина би можела да влезе во ЕУ, додавајќи дека Киев мора да покаже почит.
Словачкиот премиер Роберт Фицо истакна дека со Орбан разговарале за ситуацијата во ЕУ, за Доналд Трамп, за прашања за миграцијатаи семејството, истакнувајќи дека во словачкиот устав постојат само два пола: машки и женски.
„Имав спонтан, пријателски и содржајно богат разговор со Орбан. Мило мие што квалитетот на словачко-унгарските односи во моментот е на највисоко можно ниво, унгарско-слвачкиот соживот не е политичка тема. Согласни сме, не само околку случувањата во нашите земји, туку и на оние на меѓународната сцена. Наш избор се ЕУ и НАТО, но имаме право да бидеме критични“, изјави Фицо, пренесе Танјуг.