Орбан нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател

273
epa07568122 US President Donald J. Trump (L) and Hungarian Prime Minister Viktor Orban exchange some words in the Roosevelt Hall of the White House in Washington, DC, USA, 13 May 2019. EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Иако го поддржа изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, унгарскиот премиер Виктор Орбан нема да може да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател.

Прес секретарот на премиерот, Берталан Хаваси, за порталот „Телекс“ изјави дека се очекува Орбан да присуствува на конференција за резултатите од унгарското претседателство со ЕУ во втората половина од минатата година, која ќе се одржи во Будимпешта на 20 јануари.

„Виктор Орбан нема да учествува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари“, нагласи секретарот за печат, пренесува веб-страницата „vesti.ru“.

ИЗДВОЕНИ