Орбан: „Хегемонијата на Западот заврши, се појавува нов светски поредок“

150

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска зборуваше за промените што се случуваат во светот и стратешките насоки на унгарската надворешна политика. Тој говореше на редовниот годишен состанок на амбасадорите во Министерството за надворешни работи и трговија.

„Хегемонијата на Западот е завршена, тоа денеска никој не го оспорува, постојат податови што одлично го потврдуваат тоа. Се формира нов светски поредок, ситуацијата мора постојано да се проценува и да се анализира,“ вели унгарскиот премиер.

Орбан напоменува дека многу се обидуваат да го поделат светот на геополитички блокови, а, во исто време, земји како Унгарија кои го бранат својот суверенитет се под огромен притисок.

„Со членство во блокот е многу ограничен маневарскиот простор, па иако Унгарија е заинтересирана за членството во ЕУ и во НАТО, поделбата на блокови не е во нејзин интерес. Затоа ќе го јакнеме сојузништвото со другите земји кои го бранат својот суверенитет,“ посочи тој.

Унгарскиот премиер посочи дека во Украина се води „посредничка војна меѓу Западот и Русија и дека е сосем јасно оти Западот не може да ја добие таа војна.

„Не треба да се збрува за војна меѓу Русија и Украина зашто тоа е прокси-војна, а сите знаат дека главните сили на Украина не ги дава Украина туку тие што стојат зад неа,“ вели Орбан.