Одлуката за продолжување на војната во Украина е донесена вчера во Лондон, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
На самитот што се одржа вчера во Лондон, на кој учествуваа лидери на деветнаесет земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.
„Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната“, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук. Тој потоа додаде дека ова е „лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.
Тој потоа додаде дека ова е „лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.
На состанокот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа и канадскиот премиер Џастин Трудо и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.