Орбан: „ЕУ не смее да гаи илузии, во војната со Русија не влезе само Украина“

177

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта ги искажа своите ставови за ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека Европската унија не смее да има илузии за можноста Западот да ја победи Русија во тој конфликт. Орбан нагласи дека унгарското претседателство го подигна знамето на мирот, ја отвори вратата за прекин на огнот и мировни преговори и дека изврши притисок врз европските лидери да ги обноват дипломатијата и комуникацијата. Тој ја истакна важноста од одржување на отворени дипломатски канали за преговори, предупредувајќи дека сите ќе загубат доколку избие војна на европскиот континент.

– Дали навистина мислиме дека нашите војници ќе маршираат под знамето на Европската унија на Црвениот плоштад во Москва? Ако не мислиме така, тогаш мораме да ги држиме отворени дипломатските канали за преговори. Тоа го направивме, дури и да го направивме само на национална основа, со оглед на тоа дека мнозинството земји-членки на ЕУ сѐ уште се против мирот – нагласи Орбан.

Орбан посочи дека поддршката за воена акција во Украина и санкциите против Русија веќе предизвикале штета на европските национални економии. Тој нагласи дека цените рапидно растат, дека парите се трошат за потребите на украинскиот фронт и дека санкциите им задале удар на европските компании. Тој исто така посочи дека цените на енергијата ја загрозуваат конкурентноста на европските компании кои беа успешни пред војната.

– Во војната не влезе само Украина, туку и сите европски национални економии. Цените рапидно растат, нашите пари се трошат за потребите на украинскиот фронт, санкциите им нанесоа удар на нашите компании, а цените на енергијата ги убиваат европските компании кои беа конкурентни пред војната – објасни Орбан.

Премиерот Орбан ја истакна важноста за што поскоро решавање на конфликтот во Украина, наведувајќи дека Унгарија ја насочува својата мировна мисија кон таа цел. Тој нагласи и дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе може да ја продолжи таа мировна мисија. Орбан изрази надеж дека конфликтот во Украина ќе биде решен со помош на новата американска администрација.

ИЗДВОЕНИ