Орбан: Човекот е или маж или жена, не организирајте Парада на гордоста годинава

140
epa11788117 Hungarian Prime Minister Viktor Orban speaks during his year-end press conference in his office, the former Carmelite Monastery, in Budapest, Hungary, 21 December 2024. EPA-EFE/ZOLTAN MATHE HUNGARY OUT

Унгаскиот претседател Виктон Орбан рече на говорот за состојбата на нацијата дека Унгарија нема да стане членка на ЕУ додека тоа се коси со интересите на Унгарија.

Орбан, критичар на западната воена помош за Украина во војната со Русија, рече дека влезот на Украина во ЕУ „би ги уништил унгарските земјоделци, но не само нив туку и целата унгарска економија“, пренесе Хина.

Што се однесува до Европската унија, ја обвини дека „само сака попустлива влада во Унгарија“.

„Војната се ближи до крајот. Овде всушност не станува збор за Украина, туку за војна околку територија која се вика Украина, а која беше зона на судир меѓу НАТО и Русија, рече Орбан и додаде дека не разбира зошто европските и американските либерали мислеа дека Русите тоа мирно ќе го набљудуваат.

Според него, Американците сега ги исфрлија „костурите од плакарот“ и ја разоткрија длабоко корумпираната и репресивна машина на моќ која од пресметките на САД пумпаше милијарди во псевдоцивилни организации, купуваше новинари, судии и обвинители, политичари, фирми, бирократи – голема машинерија која управуваше со либералниот свет.

Тој рече дека Унгарија се побуни прва, а дури потоа следеа САД.

„По Унгарија се побунија и САД. Но немојте да верувате дека успешниот бунт на Амерка ќе ѝ донесе победа на Унгарија. Тие не можат да победат наместо нас, можат само да ни ги подобрат можностите. Претседателот Трамп не е наш спасител, туку наш соборец“, истакна Орбан.

„Да се гордееме што ние Унгарците ја одигравме својата улога во промените на светот, многу повеќе од нашата големина, економска моќ и население. Ние бевме пионери, предвесници и иницијатори на овој бунт“, нагласи Орбан.

Тој, исто така, најави дека Будимпешта се соочува со неколку битки против бриселските бирократи, наведувајќи ја и онаа против миграцискиот пакт и за „заштита на децата“ и велејќи дека уставот треба да содржи дека едно лице е или маж или жена.

Тој им порача на организаторите на Парадата на гордоста во Будимпешта да „не се мачат да ја подготвуваат овогодинешната парада“.

ИЗДВОЕНИ