Орбан: Брисел се подготвува за војна, Унгарија останува на страната на мирот

90
EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ.

Орбан истакна дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да иницираат „некој акт на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

„Унгарските семејства не треба да преземаат посебни мерки“, рече Орбан, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ