Метаболички ефекти
Научниците открија дека и двете диети со ниски јаглехидрати, без разлика дали внесот на калории е намален или не, доведоа до подобрувања на метаболичките маркери на учесниците и подобар метаболизам на оброците со висока содржина на масти.
Имаше намалување на нивото на триглицериди, вид на маснотии во крвта чиј вишок може да придонесе за развој на срцеви заболувања, како и промена кон подобро согорување на мастите за енергија.
„Откривме дека со едноставно ограничување на внесот на јаглени хидрати, без да претрпиме екстремно ограничување на калориите, можеме да ги постигнеме и да ги искористиме метаболичките ефекти поврзани со краткотрајното постење. Ова сугерира дека наизменичното намалување на внесот на јаглени хидрати може да биде попристапен и поодржлив начин за луѓето да управуваат и да го подобрат своето метаболичко здравје“, рече д-р Адам Колинс од Универзитетот во Сари.
Немаше зголемен внес на храна
Студијата, објавена во European Journal of Nutrition, исто така, забележа дека иако учесниците чувствувале зголемен глад во деновите со малку јаглехидрати, тоа не доведе до зголемен внес на храна во следните два дена.
Ова може да биде показател дека телото може да се прилагоди на намалениот внес на јаглени хидрати, што потенцијално би можело да го олесни долгорочното следење на оваа диета.
Д-р Колинс верува дека истражувањето на Универзитетот во Сари нуди ветувачка нова перспектива на интервенциите во исхраната за метаболичко здравје и може да влијае на управувањето со сотојбите како што се дијабетес тип2, болести на срцето и гојазност.
ИЗДВОЕНИ
Ватикан бара враќање на земјата во Паљурци и светилиште за Мајка Тереза на Водно, а ние – Нунцијат во Скопје: ШТО ГИ ОПТОВАРУВА МЕЃУСЕБНИТЕ ОДНОСИ НА СВЕТАТА СТОЛИЦА СО МАКЕДОНИЈА?
Криминалниот ум би ја убил Зорица, а не Вања !?
Не е време за пиво и скара туку за борба за работнички права, ССМ повика на првомајски протест
ЕКО СРЕДА, ШТО АКО…? Од ‘рѓосани фабрики до зелени острови на културата