Општинската каса во 2025 година ќе располага со над 1.52 милијарди денари

228

Со поддршка од сите советници, Советот на Општина Кисела Вода денес го усвои Предлог-Буџетот за 2025 година. Се работи за највисокиот буџет досега кој изнесува над 1.52 милијарди денари.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека буџетот за 2025 година е најголем и најдобро креиран досега, благодарение на транспарентното и одговорно управување со општинските финансии.

-Со гордост можам да кажам дека Кисела Вода испишува историја со овој буџет, кој не само што ги задоволува потребите на граѓаните, туку е и плод на нивната директна соработка преку буџетските форуми под слоганот „Мојот народ одлучува, буџет 2025”. Фокусот на буџетот се капиталните инвестиции, за кои се издвоени рекордни 447,7 милиони денари во основниот и 471 милион денари во консолидираниот буџет. Средствата ќе бидат наменети за приоритетни области, како што се: патна инфраструктура и подземни решенија, урбана опрема и реконструкција на салата „Расадник“, изградба и доградба на училишта и градинки, инвестиции во животната средина… – нагласи Ѓориевски.

Тој додаде дека дополнително, се предвидуваат рекордни субвенции и финансиска помош од 52 милиони денари за граѓаните, како и нови субвенции за пензионерите и субвенции за возачки дозволи за матурантите.

-Овој буџет покажува дека заедно можеме да ги решиме најголемите предизвици и дека најдоброто допрва доаѓа- заклучи Ѓорѓиевски.

Седницата на која беше изгласан Буџетот за 2025 година, за првпат имаше толкувач на знаковен јазик.

 

Ѓорѓиевски доби плакета за особен придонес и соработка од МВР

На настанот организиран од Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски на кој беа презентирани резултатите од нивната работа,  денеска на градоначалникот на Општина кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски му беше доделена плакета за особен придонес и соработка.

-Ова е признание кое ќе стои највисоко на мојата полица, бидејќи правото и правдата за мене се водилка низ животот. Почитувани припадници на македонската полиција, да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест. Да се извршува оваа задача професионално и пожртвувано е херојство, а вие, секој ден ни докажувате дека сте токму тоа – наши херои. Вие докажавте дека ја заслужувате нашата најдлабока почит! Продолжете храбро како и досега -изјави Ѓорѓиевски.