Општините започнаа акции за отстранување на крнтиите

693

-Во изминатиот период, во соработка со „Пајак службата“, се организирани акции во сите населени места во урбаниот дел и притоа се подигнати повеќе од 50 хаварисани возила од јавни површини. Се молат граѓаните за соработка при лоцирање на хаварисаните возила со цел полесно и поефикасно справување со овој проблем. Тие можат да се пријават на дежурниот инспекциски телефон 075-346-932, одговорија од Инспекторатот на Општина Гази Баба. Пред неколку дена ваква акција започна и Општина Аеродром каде што беа поставувани опомени на хаварисаните возила. Инаку, како што соопштија од Општина Аеродром, со оваа акција се очекува да бидат ослободени од 100 до 150 паркинг-места во општината. ОД ЈП ПОЦ ваква акција најавуваат од септември

Жителите на општина Гази Баба бараат да се спроведе акција за отстранување на хаварисаните возила по примерот на општина Аеродром. Реагираат дека населбата Железара како што велат треба да се исчисти од крнтии. А други пак велат дека треба да се преземе нешто и за трговците со автомобили, кои како што потенцираат, имаат паркирано и по десетина, бидејќи го нагрдуваат просторот и зафаќаат место.

Од Инспекторатот на Општина Гази Баба велат дека ваквата акција е редовна активност на Комуналната инспекција на Општина Гази Баба.

– Во изминатиот период во соработка со „Пајак службата“ се организирани акции во сите населени места во урбаниот дел и притоа се подигнати повеќе од 50 хаварисани возила од јавни површини. Се молат граѓаните за соработка при лоцирање на хаварисаните возила си цел полесно и поефикасно справување со овој проблем. Тие можат да се пријават на дежурниот инспекциски телефон 075 346 932 – одговорија од Инспекторатот на Општина Гази Баба.

Пред неколку дена ваква акција започна и Општина Аеродром каде што беа поставувани опомени на хаварисаните возила.

Оттаму објаснија дека хаварисаните возила треба да се отстранат во рок од 7 дена од добиената опомена. Во спротивно, ќе бидат дислоцирани од страна на надлежните служби на трошок на сопствениците, а во наредниот период вакви опомени ќе добијат сите хаварисани возила на ниво на целата територија на Општината.

Инаку, како што соопштија од Општина Аеродром со оваа акција се очекува да бидат ослободени од 100 до 150 паркинг-места во општината, што дополнително ќе придонесе за намалување на недостигот на паркиралишта.

В.д. градоначалникот на Општина Аеродрoм, Дејан Митески, апелираше до граѓаните на совесно однесување и ги потсети дека паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането со закон. Хаварисаните возила, покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност како за граѓаните, така и за животната средина.

Директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски. вели дека веќе повеќе месеци континуирано тече акцијата за бесплатно подигање на хаварисаните возила која се спроведува заедно со Општина Центар.

– Во согласност со сопственикот хаварисаното возило го носиме во лиценцирани отпади кои селектираат суровини. Сопственикот може да присуствува на проценката и за возилото добива надоместок, во зависност од големината и тежината на возилото – објаснува Коцевски.

Што се однесува до поставувањето опомени на оставените хаварисани возила, Коцевски најавува акција од септември.

Жители на Општина Карпош, пак, велат дека на нивните пријави за хаварисани возила инспекторите од Општината веднаш реагираат и оти пријавувањето е основен начин инспекцијата да делува и треба да се практикува, иако, како што велат некои кај нас владее мислење дека тие што пријавуваат се злобни.

– Не, тие сакаат ред, злоба е неоправдано пријавување – коментираат жители на Општина Карпош и додаваат дека во Карпош 1 пред две години биле расчистени сите хаварисани возила.

(А.П.)