Во секое училиште и во секоја училница во општина Центар се поставени прочистувачи на воздух, но и дополнителна заштита на прозорците за децата дишат почист воздух, потенцираше градоначалникот Горан Герасимовски на конференцијата за локална енергија и социо-еколошка агенда.
Тој посочи дека неговата цел како градоначалник е да ги менува навиките на подобро.
– Гледаме дека со отпочнување на зимата, секоја година по ред сме меѓу десетте најзагадени градови во светот. Мора да изнајдеме начини и ние како општина и останатите 10 општини, преку одредени стратегии и програми овој децениски проблем со загаденоста да го намалуваме. Во однос на загадувањето, треба да се вклучат сите општини, вклучувајќи го и Град Скопје – истакна Герасимовски.