За првпат Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини кои се во надлежност на општината.
Општината склучи договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад.
-Со оваа мерка, значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената на сите јавни површини во надлежност на општината, а паралелно со тоа, ќе се постигне и подигнување на јавната чистота на едно повиско ниво – сметаат од Општина Ѓорче Петров.
Градоначалникот Алекандар Стојкоски упати апел да не се оставаат возилата на коловози за да може непречено да се врши работата.
-Да направиме заеднички, мали промени во секојдневните наши навики, што на долг рок значително ќе ги подобрат состојбите на сите нивоа во Ѓорче Петров – заклучи Стојкоски.