Општината ангажира механизација за одржување на чистотата

32

За првпат Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини кои се во надлежност на општината.

Општината склучи договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад.

-Со оваа мерка, значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената на сите јавни површини во надлежност на општината, а паралелно со тоа, ќе се постигне и подигнување на јавната чистота на едно повиско ниво – сметаат од Општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот Алекандар Стојкоски упати апел да не се оставаат возилата на коловози за да може непречено да се врши работата.

-Да направиме заеднички мали промени во секојдневните наши навики, што на долг рок значително ќе ги подобрат состојбите на сите нивоа во Ѓорче Петров – заклучи Стојкоски.