Општина Кавадарци најтранспарентна општина за 2024 година, со можни 100 проценти според индексот за активна транспарентност

14

Според резултатите од индексот за активна транспарентност, активната транспарентност на Општина Кавадарци во 2024 година изнесува 100 % (од можни 100 %), со што таа се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %).

Со овие бодови, Општината се наоѓа на дваесеттата позиција од вкупно 98 рангирани институции. Оваа општина од Вардарскиот Регион веќе четврта година го задржува истото, релативно високо ниво на активна транспарентност.

– Со цел унапредување на транспарентноста и на отчетноста, во септември 2021, проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Центарот за граѓански комуникации организираше работилница за подобрување на општинската активна транспарентност, на која се потенцираше важноста на објавувањето информации на сопствена иницијатива на институцијата, без притоа за тие информации некој да има доставено до неа официјално барање за слободен пристап. Оттогаш проектот континуирано ги поддржува партнер-општините од првата група, меѓу која е и Општина Кавадарци, во унапредувањето на активната транспарентност – потенцираат од локалната самоуправа.

Во мај 2021, Општина Кавадарци потпиша меморандум за соработка со проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, со цел унапредување на капацитетите на Општината во следните области: управување со општинските јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање и средина што овозможува вклучување на приватниот сектор.