Општина Кавадарци ги повикува граѓаните да пријават штети од невремето

38

Општина Кавадарци упати јавен повик до граѓаните за пријавување на штети од природни непогоди, поточно до оние кои што имаат штета од невремето што го зафати подрачјето на територијата на општината, на 27.06.2024 година. Штетата граѓаните треба да ја пријават во просториите на општина Кавадарци.

Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 03.07.2024 година до 10.07.2024 година во периодот од 8 до 16 часот во Граѓански услужен центар.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп).