Општина Илинден е во фокусот на вниманието на инвеститорите

265

Две компании, „Елмед“, со доградба на индустрискиот објект за производство, сервисирање и складирање на индустриска опрема, како и компанијата „JCS Bard Logistik“ со изградба на производствен погон со магацини на површина од околу 8.000 квадратни метри ги проширија своите капацитети на територијата на општина Илинден.

Тоа, како што велат од локалната самоуправа е само потврда дека остануваат во фокусот на вниманието на инвеститорите, односно дека во локалните економски зони секојдневно се отвораат нови стопански објекти, а постоечките ги прошируваат своите капацитети. Сето тоа е резултат на интензивниот развој на економската инфраструктура, во делот на изградба на транспортна, комунална и енергетска инфраструктура во локалните економски зони во изминатиот период.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој вчера присуствуваше на поставувањето камен темелник во двете компании потенцираше дека Општината има одлични услови за поволна бизнис клима, како за домашни така и за странски инвеститори.

И понатаму Општина Илинден останува отворена за сите домашни и странски компании, со цел отворање на нови работни места и поквалитетен живот на граѓаните.