Општина Ѓорче Петров, денеска, одбележа 103 години од смртта на нејзиниот патрон, македонскиот револуционер чие име и го носи. Пред споменикот на патронот Ѓорче Петров во реонскиот парк беше одржана пригодна свеченост и положено цвеќе од страна на бројни делегации.
Ѓорче Петров е убиен во 1921 година во Софија. Општината со гордост го носи името на револуционерот и идеолог Ѓорче Петров, кој поставил здрави темели на кои денеска се потпира Македонецот.
– Петров останува пример за сите нас како се сака и чува својата татковина, Република Македонија. Неговата посветеност кон македонското револуционерно дело, работа, дејност и истрајност е историја за која веќе еден век генерациите учат како е правилно – соопштија од Општина Ѓорче Петров.