Општина Центар субвенционира купување велосиед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема за нив

29

Општина Центар ќе доделува поединечна субвенција на своите жители за купување на велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, ѕвонче, безбедна сајла, катанец и сл., во 2024 година.

За таа цел е распишан јавен повик чија цел е почиста животна средина и помал сообраќаен метеж, но и полесно до нов велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема за  велосипед, е-велосипед и е-тротинет.

Јавниот повик  ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Центар, односно до 31.12.2024 година по принципот ,,прв дојден, прв услужен”.

Од Општина Центар информираат дејка со јавниот повик ,,Цел Центар на точак”, ќе се субвенционираат полнолетни жители и тоа со 30% од цената, но најмногу до 3.000,00 денари за купен нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри и звонче, безбедна сајла, катанец, и сл., но најмногу до 1.000 денари почнувајќи од 01.06.2024 година.

Правото на субвенција е еднократно.