Општина Центар почна со обуки на наставниот кадар, а ќе продолжи и со учениците

31

Општина Центар информира дека се почнати одредени програми за  намалување на деликвенцијата и лошото однесување на одреден број жители во општината, како превентивни активности против вандализмот, односно оштетувањата на јавните добра.

– Почнавме одредени програми, за држење обуки и на наставниот кадар. Ќе продолжиме и со учениците за да се подигне свеста. Почнавме одредени предлог-законски измени со цел да се вметнат поригорозни мерки за прекршување, односно оштетување на јавното добро. Законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и општествено одговорна работа каде што би се вклучиле и децата и родителите за да ја подигнеме свеста на што повисоко ниво. Со ова, родителите да одвојуваат и што повеќе време со децата и да ги учат во правилна насока на однесување – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој потенцира дека е побарано повторно засилено присуство на полицијата во општината за да се намалат девијантните однесувања на одредени млади луѓе.