Општина Битола ќе аплицира со проекти вредни над 10 милиони денари

17

Општина Битола има подготвена проектна документација со соодветни одобренија за нови инфраструктурни проекти, во висина од над 10 милиони евра, со кои ќе аплицира на новиот повик за проекти од капиталната инфраструктура кој ќе го објави Владата во првиот квартал на 2025 година.

Ова го најави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски во обраќањето пред советниците на последната седница на Советот.

Инаку, како што истакна тој, Општина Битола, доби поддршка од Владата во висина од 230.000.000 денари за 16 проекти аплицирани со комплетна документација на Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти.

Според Коњановски, ваквата поддршка е од огромно значење за комплетно подобрување на дел од инфраструктурата во урбаниот и руралниот дел на општината, како и за изградба и реконструкција на објекти од високоградба.

– Вкупната проектирана вредност за алицираните проекти изнесува 275.990.000 денари, за што, потребното кофинансирање ќе го дообезбеди Општина Битола од својот буџет – изјави Коњановски.