Дванаесет американски држави поднесоа тужба до американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк против царинската политика на претседателот Доналд Трамп. Во тужбата се наведува дека трговската политика на Соединетите Американски Држави „сега зависи од каприците на претседателот“, наместо од совесното практикување на неговите законски овластувања.
Со преземањето на моќта да наметнува масивни и постојано променливи царини по негова дискреција за која било стока што влегува во Соединетите Држави, од која било причина што смета дека е соодветно да прогласи вонредна состојба, претседателот го урна уставниот поредок и донесе хаос во американската економија, се наведува во тужбата.
Тужителите тврдат дека, според Уставот на САД, само Конгресот има моќ да наметнува даноци и тарифи, а не претседателот.