Од страна на службите на општината Центар непрописно бил фрлен градежен отпад во и околу контејнери. Од ЈО Комунална хигиена реагираа дека со вакви дејствија се намалуваат капацитетите на локациите за одлагање комунален отпад наменети за граѓаните и се креираат диви депонии.

– Градежниот отпад во контејнерите на ЈП Комунална хигиена, како и во нивната непосредна околина, го фрлале вработени во општинските комунални служби при општината Центар, со што директно го прекршиле Законот за јавна чистота и ја загрозиле животната средина. Градежниот отпад се депонира на депонијата „Дрисла“, за што имаат обврска, требало да го направат неговите општински комунални служби, а не истиот да го фрлаат во садовите на ЈП Комунална хигиена Скопје. Воедно, секое фрлање отпад надвор од контејнерите претставува кршење на Законот за јавна чистота и резултира со загрозување на животната околина и јавното здравје – информираа од ЈП Комунална хигиена.

Оттаму упатуваат апел до градоначалникот на општината Центар дека контејнерите поставени на јавни површини се наменети исклучиво за одлагање мешан комунален отпад. При празнењето на овие контејнери се употребуваат специјални комунални возила кои се оштетуваат при контакт со градежен отпад.

 

 

ИЗДВОЕНИ