Општината субвенционира купување велосипеди

23

Општина Гевгелија ќе субвенционира купување велосипеди во 2025 година. За таа цел е објавен и јавениот повик и согласно условите, право на аплицирање имаат граѓаните на општина Гевгелија, кои купиле велосипед во периодот од 1 април се до потрошувањето на средствата во висина од 500.000 денари од општинскиот буџет за 2025 година.

Не е дозволено да аплицираат вработените во општинската администрација и членовите на нивните семејства, како и лицата кои минатата година добиле субвенции за велосипед.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледани по редослед според датумот и времето на пристигнување, односно според принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

ИЗДВОЕНИ