Општината набави ново возило за транспорт на гранки и лисја

69

Општина Карпош набави ново товарно возило со хидраулична преса, кое служи за транспорт на гранки, лисја и на друг органски отпад. Набавката е согласно со стратегијата и програмските активности што ги планираше Секторот за екологија и енергетска ефикасност и за таа цел, Општина Карпош издвои околу 4,5 милиони денари од својот буџет.

Ова специјализирано возило е пуштено во употреба. Тоа ќе овозможи да бидат удвоени капацитетите на општинските служби што се грижат за одржување на јавната хигиена на територијата на Општина Карпош.

– Општината досега располагаше само со едно возило од овој тип, а позитивните ефекти од користењето на новата механизација ќе бидат забележливи во краток временски рок, во интерес на граѓаните и на одржувањето на здравата животна околина – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ