Општината ќе субвенционира санација на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи, но и на лифтови

155

Општина Карпош објави два јавни повици за субвенционирање на граѓаните, согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година. Станува збор за јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на покриви на згради и замена на азбестни покриви на куќи, како и јавен повик за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови во станбени згради на својата територија.

За поправка и санација на покриви на зградите, локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 50% но не повеќе од 350.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката и санацијата на покривот. Додека пак за куќи, Општина Карпош ќе субвенционира најмногу до 60%, но не повеќе од 120.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот кровен покривач.

За поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во згради за колективно домување, локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 50%, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката и/или санацијата на постоечкиот лифт, како и за поставување на нов лифт.

 

ИЗДВОЕНИ