Општина Штип со девет проекти ќе конкурира на вториот јавен повик од Владата

16

Општина Штип на вториот јавен повик на Владата ќе конкурира со девет проекти. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, изјави дека вредноста на овие проекти е околу шест и пол милиони евра.

– Проектите со кои ќе конкурираме се за изградба на нов мост кај Кежовица, потоа парк кај Кежовица, реставрација и осветлување на тврдината „Исар“, летна сцена и памп-лента кај населбата Осми Ноември, потоа картинг-патека кај Ново село, главен резервоар за филтер-станицата, Скада систем, платформа за паркирање кај црквата „Свети Никола“ и пробивање и изградба на нова улица до штипската Клиничка болница – информираше Јорданов.

Новата платформа кај црквата „Свети Никола“ ќе биде за 40 возила, со што ќе се намали и метежот во централното градско подрачје, а Скада-системот ќе овозможи и намалување на загубите на водата за пиење, кои во моментов изнесуваат околу 60%.

Јорданов истакна дека благодарение на поддршката, којашто централната власт, очекува 2025 година во Штип да има забрзан развој, како и реализација на низа капитални проекти.

 

ИЗДВОЕНИ