Општина Охрид ќе субвенционира опинчари, четкари, свеќари, чевлари…

26

Општина Охрид ќе ги субвенционира дефицитарните занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет.

За таа цел е објавен јавен повик, согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид.

Право на учество на јавниот повик имаат регистрирани занаетчии од дефицитарни занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет, согласно со Законот за занаетчиство како физички  правни лица: опинчари, четкари, свеќари, изработка на хартија, клучари, РТВ механичари, книговезни и сродни услуги, чевлари, бојаџии, кувенџии и ткајачи, како и занаетчиите кои имаат подмирени обврски кон општина Охрид, (комунална такса – фирмарина) за претходните две години овие податоци Комисијата надлежна за спроведување на повикот ќе ги обезбеди по службен пат.

-Висината на субвенцијата ќе се утврдува така што вкупниот износ на средствата планирани за оваа активност во буџетот на Општина Охрид ќе се распределат пропорционално со бројот на пријавените занаетчии од дефицитарни занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет и ќе ги исполнуваат условите и критериумите од повикот. Секој барател кој ги исполнува условите од повикот ќе добие ист износ на средства – се посочува во повикот.

ИЗДВОЕНИ