Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, објави дека со оваа финансиска поддршка ќе бидат изградени: спој на селото Косевица со селото Моштица и крак до Горанска Маала, во должина од 2.220 метри; спој на селото Цера и селото Саса, во должина од 1.987 метри; локален пат до маалото Гребење во селото Цера (1.347 метри); локален пат до Ефендиско Маало во селото Луковица (463 метри) и локален пат до Паровско Маало во селото Косевица (1.222 метри)

 

Општина Македонска Каменица аплицираше со повеќе значајни проекти на вториот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти, објавен од Министерството за локална самоуправа.

Аплицираните проекти вклучуваат подобрување на локалната патна инфраструктура и олеснување на секојдневниот живот на нашите сограѓани, првенствено во руралните средини од општината.

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, објави дека со оваа финансиска поддршка ќе бидат изградени: спој на селото Косевица со селото Моштица и крак до Горанска Маала, во должина од 2.220 метри: спој на селото Цера и селото Саса, во должина од 1.987 метри; локален пат до маалото Гребење во селото Цера (1.347 метри); локален пат до Ефендиско Маало во селото Луковица (463 метри) и локален пат до Паровско Маало во селото Косевица (1.222 метри).

– Претходно, преку првиот јавен повик, обезбедивме средства за изградба на улиците „Ковачевска“ и „Питу Гули“. Проекти што веќе се спроведуваат и нивната реализација е во напредна фаза – рече Атанасовски.

ИЗДВОЕНИ