Општина Куманово ќе обезбеди еден дневен бесплатен оброк за ранливите категории граѓани. За таа цел е распишан јавен повик за остварување на правото на народна кујна.
Давател на услугата ќе биде ЈУ ОУД „Професор Мијалковиќ“, со финансиска поддршка од Општина Куманово.
За сите подносители на барања што ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде изготвено решение од градоначалникот на Општина Куманово, кое ќе биде истакнато на видно место во просториите на ЈУ ОУД „Професор Мијалковиќ“, Куманово, како давател на услугата.
Од локалната самоуправа апелираат до сите ранливи категории граѓани што имаат потреба и ги исполнуваат условите, да се пријават на јавниот повик, кој е објавен на официјалната веб-страница на Општината.
Општина Куманово има издвоено 6.000.000 денари за оваа мерка.