Општина Куманово ќе аплицира со проект за санација на мостот на реката Пчиња, на вториот повик на Владата за инфраструктурно уредување, соопштија од Секторот за комунални дејности.

Мостот на река Пчиња е еден од мостовите во исклучително лоша состојба, за која со години алармираа жителите на Пчиња, стравувајќи дека ќе останат отсечени од Куманово.

Претходните години и Центарот за управување со кризи, алармираше за сериозното оштетување на столбот на мостот. Општина Куманово ангажираше и експерт од Институтот за сеизмички градби и климатски промени. Мостот е траса од регионално значење и го поврзува Куманово со соседната општина Петровец.

Столбовите на мостот видно се оштетуваат при обилни врнежите од дожд. Жителите на Пчиња во неколку наврати реагираа за мостот, стравувајќи да нè останат отсечени не само тие, туку и жителите на соседните села.

Мостот на Пчиња е изграден во 60-тите години од минатиот век од тогашната југословенска армија.

 

ИЗДВОЕНИ