И оваа година Општина Илинден ќе го субвенционира купувањето велосипеди.

Според јавниот повик, Општина Илинден, за 2025 година, предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лицата со постојано место на живеење на нејзина територија.

– Целта на оваа мерка е да се стимулираат граѓаните за користење на велосипедите, а износот што го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50 % од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари за велосипед. Барањата од јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување – информираа од Општина Илинден.

Право на учество на јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во Општина Илинден што ќе купи нов велосипед сметано од 24.2.2025 до 30.4.2025 година.

ИЗДВОЕНИ