Општина Илинден доделува субвенции за инвертер клими или за соларни панели

22

Општина Илинден и годинава доделува субвенции за купување инвертер клими или соларни панели. Вчера е објавен јавен повик според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година, која предвидува еднократна парична помош за таа цел.

Износот што го доделува Општината, како финансиска помош, изнесува 50 % од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, односно до максимум 10.000 денари за производ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека целта на повикот е да се стимулираат граѓаните, односно домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима-уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

Барањата од јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед, според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во Општина Илинден што ќе купи инвертер клима или соларен панел од денот на објавување на јавниот повик, односно од 7.4.2025 година, сè до исцрпување на предвидените финансиски средства за таа намена.

ИЗДВОЕНИ