Општина Ѓорче Петров официјално објави дека 2024 година ѝ е историски најуспешна во економски поглед. Според најновите податоци, буџетот за оваа година е реализиран во 76 отсто, а општинските приходи достигнале рекордни 326 милиони денари. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров,  Александар Стојкоски, истакна дека овој впечатлив успех е резултат на ефикасното управување и на транспарентната работа на општинската администрација.

– Реализацијата на буџетот и рекордните приходи ни овозможија да инвестираме во клучни проекти, кои директно влијаат врз квалитетот на животот на нашите граѓани. Овие средства беа насочени за развој на инфраструктурата, подобрување на условите во образованието и предучилишното воспитување, како и за други капитални проекти. Општината успешно ги сервисираше сите тековни обврски, обезбедувајќи навремено исполнување на своите финансиски задачи – рече Стојкоски.

Тој дополнително нагласи дека Општината ќе продолжи со уште поголемо темпо на развој во наредниот период.

– Нашата цел е да ги подобриме условите за сите жители на Ѓорче Петров преку дополнителни инфраструктурни проекти и подобрување на јавните услуги – дециден е Стојкоски.

 

ИЗДВОЕНИ