Општина Гази баба ќе субвенционира купување на високоефикасни инвертер клима уреди.
За таа цел е објавен јавен повик и во него е наведено дека ќе бидат надоместени до 50% од трошоците за купувањето на инвертер клима уреди, но не повеќе од 30.000 денари.
Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2025 година од денот на објавување на овој јавен повик.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.