Во вторникот беше објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти, вреден 250 милиони евра и веќе се пристигнати дваесетина апликации за исто толку проекти од три локални самоуправи, истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, при посетата на Општина Гази Баба. Според него, ова кажува дека општините подготвени го дочекале вториот повик.

Општина Гази Баба аплицирала со 12 проекти: за изградба на уште една нова детска градинка на потегот меѓу Ќерамидница и Маџари, доградба на ОУ „Крум Тошев“ во Трубарево, изградба на фекална канализација во Јурумлери, изградба на фекална канализација во Идризово и во Дрма и реконструкција на повеќе улици како што се „Париска комуна“, „Палмиро Тољати“, „519“, „Жан Жорес“

    

Во вторникот беше објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти, вреден 250 милиони евра и веќе се пристигнати дваесетина апликации за исто толку проекти од три локални самоуправи, истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, при посетата на Општина Гази Баба, како дел од карванот „Каде што срцето е дома“. Според него, ова кажува дека општините подготвени го дочекале вториот повик.

– Тоа е добро, зашто локалните самоуправи мора да пополнат апликативни формулари и да ја средат целата документација за да аплицираат. Само во првиот ден добивме дваесетина апликации, што навистина е добро и покажува дека градоначалниците подготвени го дочекаа вториот јавен повик. Искуството од првиот повик ќе им помогне сега правилно да аплицираат и да немаат проблеми како што имаа дел од нив при првиот јавен повик – посочи Перински.

Тој ја посочи Општина Гази Баба како одличен пример како треба да се инвестира во рурален, но и во урбан дел.

– Од исклучителна важност ни се ваквите посети за да можеме да креираме и да превенираме мерки што се во интерес на граѓаните и на локалниот развој. Општина Гази Баба, за нас, е многу битна поради тоа што две третини од нејзината површина е рурална, а ние се стремиме кон рамномерен регионален развој – рече Перински.

Општина Гази Баба доставила до Министерството за локална самоуправа 12 проекти, со целокупната документација за нивна реализација, како што се: изградба на уште една нова детска градинка на потегот меѓу Ќерамидница и Маџари, доградба на ОУ „Крум Тошев“ во Трубарево, изградба на фекална канализација во Јурумлери, изградба на фекална канализација во Идризово и во Дрма и реконструкција на повеќе улици како што се „Париска комуна“, „Палмиро Тољати“, „519“, „Жан Жорес“.

За градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ваквите повици се доста важни за општините, бидејќи ја подобруваат инфраструктурата и, како што изјави, решаваат децениски проблеми. Убеден е дека овој проект ќе ги реши сите проблеми на граѓаните во делот на патната и на комуналната инфраструктура.

На првиот повик, Општина Гази Баба аплицирала со четири проекти: изградба на нова детска градинка, реконструкција на Домот на културата „11 Октомври“ и изградба на новопроектирана улица на потегот меѓу Ќерамидница и Маџари и изградба на нова спортска сала во Црешево.

(С.Би.)

ИЗДВОЕНИ