Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува младите да се пријават за доделување субвенции за полагање на возачки испит Б-категорија. Субвенцијата е во висина од 10.000 денари.
Право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно сите родени во 2007 година, а живеат во општина Центар најмалку една година. Потребно е да се достават: барање за субвенција за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи на подрачјето на општина Центар, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола и доказ дека автошколата е регистрирана на подрачјето на општина Центар.
Јавниот повик ќе трае сè до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар, односно до 31.12.2025 година.
Правото на субвенција е еднократно.
Ваква субвенција претходно воведе и општина Карпош и истата се покажа како успешна.