Општина Центар е повторно наградена за општинското претпријатие „Енергија Центар“, но овој пат се единствени победници на меѓународно ниво!

Станува збор за меѓународната престижна награда „Transit“ за постигнување и најголем придонес во транзицијата кон обновливи извори на енергија.

Од Општина Центар информираат дека во натпреварот учестувале претпријатија од Велика Британија, Шпанија, Кипар, Малта, Хрватска, Црна Гора, Србија и Северна Македонија.

-Оваа награда е потврда дека сме на правилниот пат кон намалување на зависноста од користењето на фосилни горива и создавање зелени енергетски решенија за нашите центарци. Продолжуваме да ги поддржуваме иницијативите за унапредување на енергетската транзиција, која е клучна за создавање на еколошки одговорна заедница – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.