Општина Битола со финансиска поддршка на спортски и шаховски клубови

210

Општина Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат деца од ранливи категории (деца со попреченост и деца од семејства корисници на ГМП). За оваа активност во во Програмата за активности во областа на спортот и младите во општина Битола се  планирани 400 милиони денари.

За одобрените средства на секој клуб или здружение пресметани по дете по месец, ќе биде склучен договор помеѓу клубот/здружението и Општина Битола врз чија основа средствата ќе бидат исплатени до крај на 2025 година по претходно донесен извештај за најмалку 50% присуство на детето на тренинзи и активности во тековниот месец. Повикот се однесува за деца кои веќе тренираат во клубот/ здружението односно за деца запишани до денот на објавување на јавниот повик.

Исто така, објавен јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на шаховски спортски клубови и здруженија за 2025 година. Поддршката се дава за стимулирање и унапредуваат на шахот како спорт и негова популаризација кај младите во своите клубови/здруженија и нивно учество во национални спортски федерации или да настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер.

ИЗДВОЕНИ