Општина Битола ќе учествува во изградбата на затворениот пливачки базен

26

На седницата на Советот на Општина Битола што е закажана за 28 јануари, како прва точка на дневен ред ќе се најде пливачкиот базен во Битола. Советниците ќе треба да гласаат за одлуката за давање согласност за склучување анекс на договор за соинвестирање во изградбата на затворениот пливачки базен во Општина Битола.

Во членот 1 се предвидува давање согласност за соинвестирање во изградбата меѓу Општина Битола и Министерството за спорт. Во членот 2 се додава нова алинеја што гласи: „Да се обезбеди надзорен орган што ќе ја следи изградбата на затворениот пливачки базен согласно со Законот за градба“, а членот 3 предвидува задолжување и овластување на градоначалникот да го склучи анексот на договорот.

До одредена фаза, базенот во дворот на ОУ „Даме Груев“ е изграден, а беше најавен уште во февруари 2019 година, односно пред шест години.

 

ИЗДВОЕНИ