Општина Битола дел од „Генералка викенд“

37

Трета година по ред, Општина Битола е дел од организираната пролетна акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд“, која се спроведува по иницијатива на „Мен енд маунтен“, во соработка со Пивара Скопје и со ПАКОМАК.

Акцијата во Битола ја започнаа јавните претпријатија, како и десет основни и три средни училишта од Општината, а во екоактивностите се вклучуваат и оф роуд клубот „Пелистер“ од Битола, КУД „Илинден“ и дел од граѓаните, преку своите месни и урбани заедници. Активностите беа координирани од ЈП „Комуналец“, во соработка со Општина Битола.

Со „Генералка викенд“, се расчистуваа диви депонии во близина на Новиот пазар, кај хотелот „Битола“, три помали локации во АРМ, во близина на маркетот БАДО, кај Светонеделските и германските гробишта. Со вклученоста на голем број граѓани, оваа акција има цел да придонесе за подигнување на еколошката свест и одговорноста кај населението за заштита на животната средина и за спречување на создавањето нови диви депонии.