ОПШТА ОПАСНОСТ: Прогласена федерална вонредна состојба во Курската област, украинските сили напредуваат

560

Во областа Курск, каде воените сили на Украина се борат веќе неколку дена, денеска е прогласена федерална вонредна состојба.

Информацијата ја потврди Министерството за вонредни ситуации на Русија.

– Во регионот е воспоставено федерално ниво на одговор. Ваква одлука донесе владината комисија за превенција и одговор на вонредни ситуации и обезбедување безбедност на вонредна седница – посочуваат од Министерството за вонредни состојби преку каналот Телеграм.

Алексеј Смирнов, вршител на должноста началник на регионот Курск, прогласи регионална вонредна состојба на 7 август, со цел да се елиминираат последиците од офанзивата на Вооружените сили на Украина на пограничните области.

Украинските вооружени формации во текот на ноќта извршија серија напади врз цели во Русија, но и на полуостровот Крим. Откако руските власти известија за масовен напад со дронови врз областа Липецк, следуваа детонации на експлозивни направи на воен аеродром, а погодена е, исто така, и енергетска инфраструктура што доведе до прекин во снабдувањето со струја.