Опсадна состојба во Манхајм: Двајца загинати и 25 повредени во пешачка зона

935

Најмалку две лица загинаа, а 25 се повредени, од кои 15 потешко, кога возач на автомобил влетал во толпа луѓе во пешачка зона во центарот на германскиот град Манхајм. Областа каде што се случи инцидентот е блокирана, а хеликоптер кружи над Манхајм, пренесува Blid.de.

Според овој медиум, возачот е уапсен, а сите сообраќајни излези од градот ги контролираат полицајци вооружени со автомати. Полицијата ги советува граѓаните масовно да го избегнуваат централното подрачје на градот. Портпаролот на полицијата се уште не може да даде подетални информации за позадината на инцидентот во овој град во Баден-Виртемберг.

„Овде се случи пекол. Видов луѓе како панично бегаат“, рекол маж кој седел во ресторан на Парадеплац во моментот кога се случи инцидентот за „Die Welt“.

Центарот на Манхајм беше преполн од вообичаено бидејќи во тек е карневал. Според локалниот медиум MANNHEIM24, секоја година уличниот карневал на Планкен во Манхајм привлекува бројни посетители во овој период од годината.

Прославата трае од 27-ми февруари, но кулминацијата требаше да биде утре.

Црн теренец влета во толпа луѓе во центарот на германскиот град Манхајм/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ