Група мажи ноќеска физички го нападнале српскиот опозициски политичар Драган Ѓилас и член на неговата партија во Белград, а Српската напредна партија го обвинува Ѓилас дека го предизвикал конфликтот.
Младите мочиња лепеле плакати на кои го обвиниле лидерот на Партијата за слобода и правда (СПП), најголемата опозициска партија во српското Собрание, за кражба на државни пари, кога им пришле Ѓилас и Ѓорѓе Алексиќ, член на ССП, објави пратеничката Мариника со снимка од настанот на социјалната мрежа Икс.
Партијата на Ѓилас објави дека меѓу напаѓачите е и Лука Петровиќ, висок функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС) и секретар за инвестиции во белградската администрација.
На прес-конференцијатутрово Лука Петровиќ потврди дека бил на местото на конфликтот, тврдејќи дека инцидентите и тепачката ги предизвикал Ѓилас, нарекувајќи го „тотален идиот“.
BRUKA I SRAMOTA!@DraganDjilas tuče omladinu u sitne sate jer su mu rekli “Đilas lopov”! To je njihovo pravo i sloboda govora! Ti, nasilniče, ne smeš da tučeš nikoga!
Bitango!
Tako je i svoju trudnu ženu krvnički tukao! pic.twitter.com/QWAI7VeDFJ
— Pokret KOPAĆEMO (@kopacemo) December 20, 2024
„Младите на СНС само си ја вршеа работата со лепење плакати, додека Ѓилас и неговиот телохранител ги нападнаа младите кои се бранеа“, рече Петровиќ.
Ѓорѓе Алексиќ, функционер од таа партија, кој бил со него, исто така е повреден откако бил нападнат по што двајцата побарале помош во Ургентниот центар во Беглрад.
„Драган беше нападнат пред малку од овие режимски насилници. . . Твојата фаланга, нели, Александар Вучиќ? Што сакаш да почнеш? Бедни кукавици.
Дење глумиш светец, а ноќе праќаш насилници да кршат глави“, напиша Мариника Тепиќ, потпретседателка на ССП на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).