Оперски грмотевици: Пласидо Доминго на сцената во Скопје ја излеа магијата на својата најнова музичка приказна/ФОТО

661
Фото: Ѕ. Плавевски

Едно од најпочитуваните светски имиња во класичната музика, Пласидо Доминго, вечерва настапи на сцената во „Борис Трајковски“ и приреди вистински музички спектакл.

Моќниот глас на светскиот тенор силно одекнуваше во салата, допирајќи до гладните уши на бројната публика во амбиент на возвишеност и посебна емоција. Може да се рече дека ова дефинитивно е еден од најспектакуларните концерти во историјата на македонската музичка сцена.

Пласидо Доминго е член на Тројцата тенори со Хозе Карерас и Лучано Павароти, режисер и диригент, но и почесен уметнички директорт на стогодишниот фестивал Arena di Verona и генерален директор на операта во Лос Анџелес и на Националната опера во Вашингтон. Ова се ангажмани со кои маестро Доминго ја потврдува интернационална кариера со репутација на извонреден пејач, но пред се и извонреден уметник. Тој е основач и претседател на престижниот меѓународен натпревар за пеење „Опералија“ кој го формира со цел да открие и промовира млади таленти.

 

 

ИЗДВОЕНИ